ЛИ-ДЕ Инженеринг поседува лиценца Б за проектирање на градби. Проектирањето на објектите опфаќа изработка на комплетен градежно конструктивен проект кој содржи:
- анализа и димензионирање на конструкцијата со 3D модел во лиценциран компјутерски програм RADIMPEX-TOWER 8
- изработка на цртежи од конструкцијата во лиценциран компјутерски програм AutoCAD 2017:
- основи и пресеци на објектот
- кофражни планови
- арматурни детали
- детали на врски
- работилничка документација за челичните елементи
- димензионирање на темели
- пресметка на врски
- спецификација на материјал
Покрај изработката на градежно конструктивен проект, преку надворешни соработници на фирмата постои можност за изработка на проект од останатите фази: архитектура, електрика, водовод и канализација,
проект за енергетска ефикасност.
Проектирани се голем прој конструкции од секаков тип: станбени згради, деловни и трговски објекти, хотелски комплекси, куќи за домување, челични хали, бензински станици, настрешници, трибини, надградби на згради,
челични поткровја, дрвени кровови, пречистителни станици, темели за процесна опрема, резервоари, меѓукатни платформи, билборди...
Во проектирањето се пристапува професионално и одговорно, без импровизации, според тековната законска регулатива и важечките прописи во земјата. Исто така, во поглед на презентација на сработеното во проектот, се следат најновите трендови, со цел конструкцијата да се изведе лесно, едноставо, брзо и без можност за грешка.
Анализата на конструкцијата се спроведува на 3D модел во лиценциран компјутерски програм RADIMPEX-TOWER 8 кој работи врз база на конечни елементи, со кој во зависност од намената на конструкцијата, се спроведува: статичка анализа, сеизмичка анализа, диманичка анализа, нелинеарна анализа и димензионирање на конструкцијата. Графичката обработка на конструкцијата се врши во лиценциран програм AutoCAD 2017.
Цртањето може да биде во 2D или во 3D модел, со цел што повеќе да се упрости конечниот приказ на конструкцијата, конструктивните елементи и деталите помеѓу елементите.
Проектирањето го вршат стручни лица, дипломирани градежни инженери со овластување Б за проектирање. Фирмата има и надворешни соработници - инженери кои исто така повремено се ангажираат во процесот на проектирањето.
Во делот Референци - Проектирање може да ги погледнете и подетално да прочитате за голем дел од досега сработените проекти.
ЛИ-ДЕ Инженеринг ДООЕЛ Скопје
ул.Васко Карангелески бр.9 локал 10, 1000 Скопје
моб: + 389 75 219 051
моб: + 389 71 586 808