ЛИ-ДЕ Инженеринг ДООЕЛ Скопје е градежна фирма со долгогодишно професионално работење во областа на градежништвото на македонскиот пазар.
Фирмата е основана во 2003 година. Од основањето до 2020 година, е во постојана непрекината работа во областа на изведбата на челични конструкции, како лиценцирана фирма за изведба на објекти, извршувајки ја работата одговорно и професионално, според законската регулатива и техничките прописи за градежништво во Република Македонија.
Од Јануари 2016 година фирмата поседува и лиценца Б за проектирање на градби. До денес се изготвени голем број проектни документации за секаков тип објекти: армирано бетонски, челични, дрвени и комбинирани конструкции, за кои во процесот на проектирање е постапувано одговорно и професионално според важечките технички
прописи и нормативи во Република Македонија. Покрај наведените дејности, фирмата е отворена за секаков вид консултации, совети и решавање проблеми во врска со секаков вид на градежни конструкции.
ЛИ-ДЕ Инженеринг е во постојана соработка со надворешни соработници од сите фази кои го сочинуваат целокупниот процес на градење: од изработка на проектна документација, ревизија на проекти, изведба и надзор на објектите.
Од 2021 год. погонот за производство на челични конструкции е привремено затворен. Моментално основна дејност на фирмата е проектирање на градби од секаков вид.
На следните линкови можете да прочитате подетално околу проектирањето и изведбата.
ЛИ-ДЕ Инженеринг ДООЕЛ Скопје
ул.Васко Карангелески бр.9 локал 10, 1000 Скопје
моб: + 389 75 219 051
моб: + 389 71 586 808