Дејности: Изведба (привремено затворен)


  ЛИ-ДЕ Инженеринг поседува лиценца Б за изведувач на градби. Главна дејност во делот на изведбата е производство и монтажа на челични конструкции од секако вид, класифицирани во повеќе потточки:
- изведба на монтажни конструкции (со завртки) и заварени конструкции.
- изведба на лесни, средни и тешки челични конструкции (според количината на употребен материјал)
- изведба на хали, административни објекти, станбени објекти, бензински станици, магацини, производни погони, крански стази, меѓукатни конструкции, настрешници, челични поткровја, надградби, билборди, лифтови, челични скали, челични огради
- изведба на конструкции со решеткасти носачи, полноѕидни носачи, олеснети носачи
  Изведбата на конструкциите вклучува и премачкување со основна боја (минизирање) и фарбање на челичните елементи. Исто така, во согласност со инвеститорот, вршиме и противпожарна заштита на конструкцијата.

  Контролата над производството на челичните елементи и изведбата на конструкцијата ја извршуваат стручни лица, високо квалификувани дипломирани градежни инженери со овластување А, кои имаат долгогодишно искуство во таа област. Исто така располагаме со атестирани заварувачи и монтери со долгогодишно работно искуство во фирмата.
  Доколку е потребно, за веќе комплетиран основен проект, постои можност за разработка на проектната документација и изработка на работилнички цртежи.
  Сите вградени материјали при изведбата на конструкцијата поседуваат атестна документација, која ќе биде доставена до инвеститорот по завршување на изведбата за да послужи во процесот на издавање на употребна дозвола.
  Фирмата располага со сопствена опрема за изведба на конструкции: платформи, виљушкари, скелиња, апарати за заварување и секаков вид рачен алат неопходен за изведбата.
  На следниот линк Референци - Изведба може да погледнете дел од досегашните изведени челични конструкции.

Контакт




ЛИ-ДЕ Инженеринг ДООЕЛ Скопје
ул.Васко Карангелески бр.9 локал 10, 1000 Скопје

моб: + 389 75 219 051
моб: + 389 71 586 808