ЛИ-ДЕ Инженеринг е фирма основана во 2003 година. Наша примарна дејност е проектирање на секаков вид на градежни конструкции.
Од отворањето во 2003 година во Прилеп, фирмата работи во полето на производство и монтажа на челични конструкции како лиценцирана фирма. Во 2016 година дејноста на фирмата се проширува и во областа на изработка на проектна документација за секаков вид конструкции, а во 2017 година е отворена и подружница во Скопје. Од 2020 година седиштето на фирмата се префрла во Скопје, а делот за производство и монтажа на челични конструкции привремено се затвора.
Во моментот, основни дејности на фирмата се:
-изработка на градежно-конструктивен проекти за секаков вид на конструкции (челични, армиранобетонски, дрвени)
-статичка пресметка на секаков вид конструкции
-разработка на проектна документација
-изработка на работилничка документација за челични конструкции, со можност за преработка на постоечки проект од заварена конструкција во комплетно монтажна челична конструкција
-статичка пресметка и димензионирање на крански стази
-изработка на арматурни детали
ДЕЈНОСТИ
Од отворањето на одделот за проектирање досега се изработени комплетни проектни документации (градежно конструктивни проекти) за над 150 конструкции (армиранобетонски и челични).
Во делот Референци - Проектирање може подетално да ги погледнете и да прочитате за досега сработените проекти.
Во делот на изведбата, од основањето досега се изведени над 100 челични конструкции, насекаде низ територијата на Македонија, од секаков вид: производни хали, магацини, училишта, спортски сали, ресторани, бензински пумпи, меѓукатни конструкции, надградби и реконструкција на кровови, настрешници, фасадни подконструкции, конструкции за лифтови, огради, скали... Дел од изведените објекти може да ги погледнете во делот: Референци - Изведба.
ТИМ
Управител на ЛИ-ДЕ Инженеринг. Дипломиран градежен инженери со 12 годишно искуство во областа на проектирање на секаков вид на конструкции од високоградба и изведба на челични конструкции. Има 4 годишно искуство како соработник на Градежниот Факултет во Скопје, на катедрата за Технична Механика и Јакост на Материјали. Поседува овластување А за проектирање на конструкции и овластување Б за проектирање, надзор и изведба на конструкции. Има учествувано во процесот на изработка на проектна документација за над 200 објекти од секаков вид и учество во изведба на голем број челични конструкции.
Дипломиран градежен инженери со 11 годишно искуство во областа на проектирање на секаков вид на конструкции од високоградба и изведба на челични конструкции. Истовремено има и 2 годишно искуство како соработник на Градежниот Факултет во Скопје, на катедрата за Теорија на Конструкции. Поседува овластување А за проектирање на конструкции и овластување Б за проектирање, надзор и изведба на конструкции. Има учествувано во процесот на изработка на проектна документација за над 200 објекти од секаков вид и учество во изведба на голем број челични конструкции.
ЛИ-ДЕ Инженеринг ДООЕЛ Скопје
ул.Васко Карангелески бр.9 локал 10, 1000 Скопје
моб: + 389 75 219 051
моб: + 389 71 586 808